„Ello“ – алтернатива на „Фејсбук“ без реклами


Во текот на годините голем број на социјални мрежи се обиделе да го „убијат“ „Фејсбук“, но ниту една не успеала дури да се доближи до популарноста на гигантот. Главниот извршен директор на „Ello“, Пол Будниц, верува дека може да го промени тоа.ello

Ello е социјална мрежа која не вклучува реклами и спонзорирани содржини како целина. Таа овозможува да го покажете вашето вистинско име или да користите алијас, а последниот ред од нејзиниот манифест вели „Вие не сте производ“.

Сето тоа изгледа пријатно и исклучително минималистички (голем дел од тимот се состои од дизајнери). За жал сме склони да веруваме дека Ello нема сериозни шанси. Ова не е прва ваква социјална мрежа – App.net и Diapsora не се особено успешни, а дури Google+, која Google се обидува да ја промовира на секој можен начин, не успева да се доближи до Facebook.

Во моментов Ello работи само со покани и голем дел од функционалностите не работат особено добро. Сепак бројот корисници е повеќе од сериозен – десетици илјади се регистрираат во рамките на еден час. Во eBay дури се продаваат покани за 100 долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1