Уште еден „барокен“ хотел ќе се гради под скопското Кале


Државата продаде 3.742 метри квадратни кај Спортско – рекреативниот центар „Кале“ во Скопје по цена од 2.745 денари за квадрат (44,6 евра), односно вкупно околу 167 илјади евра. Градежната парцела, на која е предвидено да никне хотелски комплекс, ја купи фирмата ГМ „Инвест Груп“ ДООЕЛ – Струмица, која беше најповолен понудувач на лицитацијата во конкуренција со уште шест наддавачи, пишува Build.

Парцелата е опфатена со Деталниот урбанистички план за дел од СРЦ Кале – Блок 2, усвоен на почетокот на 2013 година, кој предвидува изградба на објект со приземје, 6 ката и поткровје (вкупна висина до 25 метри) и максимална вкупно развиена површина од 11.765 метри квадратни.Hotel pod Kale 2-9 mapa01

Инвеститорот е должен фасадното обликување на објектот да го изведе во еден од стиловите: барок, класицизам, неокласицизам, романтизам и неоромантизам. За таа цел, пред издавање на одобрение за градење, Комисија формирана од страна на Министерот за транспорт и врски ќе треба да ја одобри фазата архитектура од основниот проект.

Во петок (03.10.2014) државата преку Министерството за транспорт и врски, на аукција ќе се обиде да продаде друга парцела во непосредна близина, на која исто така е предвидена изградба на „барокен“ хотел. Уште една парцела во реонот, на која треба да никне хотел со задолжително „барокно“ фасадно обликување, има сопственик уште од ноември 2011 година,  кога ја купи албанската „Амадеус Груп“, по цена од 5.000 денари за метар квадратен (81,3 евра).

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1