Во Париз, во дом на муслимани од Турција мироточи икона на Пресвета Богородица. Пред неколку години еден брачен пар од Антакија, Р. Турција (некогашна Антиохија) се преселил во Париз, Франција. Таму се вработиле и се населиле во едно париско предградие. Нивните имиња – Есат и Севим Алдидароглу.
Во нивниот дом во Париз постојано може да се забележи голем број на посетители, не само од Франција, туку и од други земји. Сите тие луѓе доаѓаат во домот на овие Турци-муслимани за да видат една чудесна икона. Имено, се работи за икона на Пресвета Богородица, која ова семејство ја добило како подарок во 2006г. од еден православен монах од Либија. Според сведоштвото на семејството Алдидароглу, веднаш штом ја добиле иконата на дар, во нивниот дом се зацарил некаков неопислив мир. Затоа, на заминување од Турција, со голема стравопочит одлучиле да ја земат и иконата со нив. Штом пристигнале во Париз, иконата ја сместиле во посебна просторија во нивниот нов дом и таа веднаш започнала да „плаче“. Веста брзо се распространила: не само меѓу француските Турци, туку и меѓу христијаните. Оттогаш иконата станала познато место за поклонување и источник на чуда.
Во последно време, веста за оваа икона се проширила и низ целиот свет, и доаѓаат луѓе од Германија и Белгија (меѓу другите), за да ѝ оддадат почит на Мајката Божја. Спред кажувањата на г. Есат Алдидароглу, неодамна во нивниот дом дошла млада невеста која никако не успевала да остане бремена, што предизвикало сопружниците да дојдат речиси до развод. Затоа, жената долго време коленопреклоно се молела крај иконата на Богородица, и буквално, после само неколку дена, ги известила дека се случило чудо и забременила.
За скептиците, порталот Ромфеа пренесува фотографии од чудотворната икона од домот на турското семејство во Париз, како и текст од едно турско списание со наслов: „Чудото на Мајката Божја во домот на еден Турчин“.
Православие.ру/ agapi.mk