Сакате да живеете во Катар: Пријави во Скопје – Се бараат стјуардеси од Македонија – еве ги условите


Авиокомпанијата „Катар Ервејс“ на 13 јуни во Хотелот Холидеј Ин во Скопје организира интервјуа за регрутација на кабински персонал (стјуарди и стјуардеси) од Македонија.

katar stujardesa

Од потенцијалните кандидати се бара да бидат стари најмалку 21 година, да имаат досег со рацете од 212 сантиметри, најмалку средно образование со течно говорно и писмено изразување на англиски јазик, одлично здравје и физичка подготвеност.

Потребно е да се подготвени да се преселат во Доха, Катар, да се отворени и комуникативни, како и способни да работат во мултинационален тим.

Пријавувањето трае до 13 јуни, а деталите за тоа како да се пријавите и што е потребно за апликација, на следниот ЛИНК

emagazin.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1