Го нашле во хотелска соба – Почина менаџерот на U2


Почина долгогодишниот менаџер на ирската група U2, Денис Шиaн.

Тој починал во Лос Анџелес, каде бендот се наоѓа во рамки на неговата последна турнеја.

Според американските медиуми, 68-годишниот Шиaн починал од природна смрт во хотел во Западен Холивуд.

u2manager

Тој починал неколку часа по завршувањето на првиот од петте предвидени концерти на U2 во Лос Анџелес, одржан во вторникот вечерта по локално време.

– Загубивме член на нашето семејство и се уште не сме целосно свесни за тоа. Тој не беше само легенда на музичкиот бизнис, туку и легенда на нашата група. Тој е незаменлив, напиша фронтменот на U2, Боно Вокс на интернет страницата на бендот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1