Стотици луѓе доаѓаат во градот на северот од Израел за да ја видат статуата на Девица Марија, за која локалните жители тврдат дека “плаче“, односно од едното око и тече масло.
Христијанското семејство Кури од Тарших крај границата со Либан изјави дека чудото го виделл во својата дневна соба.
Осама Кури изјави дека неговата сопруга Амира неодамна нашла статуа прекриена со масло. Амира рекла дека статуата и се “обратила“, велејќи и да не се плаши.
Откако еден сосед видел како од окото и тече масло, веста се проширила.
Деловите од статуата, изгледаат како влажни, дури и кога ќе се избришат. Семејството вели дека најчудно е кога солза и се слива низ образот на статуата.
Во текот на минатата недела околу 2.000 луѓе дошле да го видат чудото, пренесе АП.