Во кинеското село Шанкси, неодамна се случи нешто што ги изненади научниците – минатата година, на ова место, овца на свет донела здраво машко кученце.
На прв поглед, младинчето кое било бушаво, навистина имало изглед на овца, но кога малку подобро ќе погледнете, тоа имало нос, очи и опашка, исти како на куче.
Фармерот Лиу Шанси, на чија фарма се породила овцата, не можел да поверува на сопствените очи.
„Не ни знаев дека е бремена! Соседите кои ја затекоа на лице место ме повикаа да го видам чудото. Кога пристигнав, ја затекнав овцата како лежи покрај роденото кученце. Никогаш не ми паднало на памет дека овца на свет може да донесе кученце.
Се занимавам со овчарство повеќе од 20 години и никогаш досега не сум забележал вакво нешто“, изјавил фармерот.
Кученцето е долго 20 сантиметри и според зборовите на Лиу, одлично јаде.
„Моите овци добија нов семеен член. Кој знае за некоја година, можеби тој и ќе биде нивниот чувар“, додал Шанкси.
Научниците сметаат дека вакво нешто може да се случи исклучиво со вкрстување на животинските видови.
„Такво нешто би можело да се создаде под лабараториски надзор и вистинско чудо е што кученцето преживеало. Постојат слични случаеви, како што е примерот со кравата од Кенија, која родила двоглаво теле. Меѓутоа во овој случај ниту кравата ниту телето не преживеаа“, велат зачудените научници.