ЧУДО ЗА ГИНИС: 100-годишна јапонка преплива 1.500 метри и го собори рекордот (ВИДЕО)


Јапонката Миеко Нагаока, која веќе ја „троши“ 101-година од животот, успеа да ја заврши трката на 1.500 метри во пливачкиот натпревар во слободен стил во 25-метарски базен, што претставува подвиг кој не му пошол од рака досега на ниеден стогодишник.

Единствената натпреварувачка во категоријата меѓу 100 и 104 години, Миеко Нагаока во саботата со слободен стил го совлада предизвикот со резултат од 1 час, 15 минути и 54,39 секунди, во префектурата Ехима, во западна Јапонија, за што доби огромни аплаузи од публиката.japonka

Енергичната госпоѓа, којашто се надева дека нејзиниот рекорд ќе го признае и Гинисовата книга на рекордите, нема намера да се запре на ова постигнување. „Сакам да пливам до 105-та година, доколку поживеам толку“, вели за агенцијата Kyodo.

Роден во Јамагучи во 1914 година, Нагаока за CNN изјави дека „се чувствувам слободно секогаш да завршам трка од 1.500 метри, но сепак ќе продолжам да пливам натаму“. Таа е посветен пливач, кој тренира четири пати седмично, според нејзиниот профил на страницата на пливачкото тело FINA:

Нагаока, инаку, започнала да плива кога имала 80 години, како терапија за повреда на коленото. Потоа тоа ја фасцинирало и почнала со поставување рекорди. Така, лани во олимписки базен на возраст од 99 години забележа успех, исто така, на делницата од 1.500 метри, а истата година ја објави и книгата за своите спортски потфати.

Минатиот септември во Јапонија беа регистрирани околу 59 илјади стогодишници, од кои 87 отсто се жени, според официјалната статистика на тамошното министерство за здравство.

Меѓу нив неколкумина се изразено активни. Така, 104-годишниот Худекичи Мијазаки го држи светскиот рекорд во трчање на 100 метри во категоријата на стогодишници и повозрасни, со 29,83 секунди што му го донесеа прекарот „Голден Болт“, според активниот атлетичар и повеќекратен светски рекордер Усаин Болт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1