Милијардер е а живее од џепарлакот кој му го дава жената – еве зошто


Иако е веќе со години мултимилионер, Стив Смит живее во огромна вила со 13 спални, но со скромен џепарлак кој секој ден го добива токму од својата сопруга.

Британскиот мултимилионер, основач на синџирот на продавници Poundland, открива дека им дал дури 25 милиони фунти на своите родители, а сега живее од џепарлакот кој му го дава сопругата – 10 до 20 фунти дневно.5523697d-ede8-40e5-bca4-1587b0094cfb-sam-smth-1-718x446

Стив Смит (52) живее во 6,5 милиони фунти вредна вила во Шропшир со својата сопруга и нивните три деца. Иако е милионер, тој живее од џепарлакот кој му го дава сопругата.

Од синџирот на продавници кој го продал заработил 50 милиони фунти, а половина од сумата веднаш префрлил на сметката на своите родители.

– Секој ден сопругата ми дава џепарлак. Проблемот е во тоа што веднаш го трошам целиот износ којшто го имам, па затоа таа ми дава по малку. Секој ден од 10 до 20 фунти – рекол Смит.

Десет години по основањето на бизнисот, ширум Велика Британија имал низа продавници, а потоа ги продал за 50 милиони фунти. Половина од износот им дал на родителите, како враќање на долгот.

Имено, кога Стив Смит го започнувал бизнисот, од својот татко позајмил 50.000 фунти.

– Кога имав 18 години ја видов празна продавницата па со сопственикот направив договор. Од татко ми позајмив пари и успеав благодарение на она што ме научи тој за продажбата  – раскажал тој. Заклучил дека парите ни даваат разни можности, но многу важно е да се запамети од каде доаѓаме.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1