Миодраг Тодоровиќ за српски Телеграф раскажува: – Бев во многу лоша здравствена состојба, и посакав вода од Св. Петка вели Миодраг. Лекарите му рекле дека 99% е веројатноста дека ке умре, а само 1% дека може да се случи чудо и да преживее.
Бидејќи еднаш бев во многу лоша состојба, посакав да добијам вода од Света Петка. Таа ноќ додека бев во шок собата, лекарите ми рекоа дека веројатноста да умрам е 99 отсто, само еден 1 отсто ми дадоа дека ќе преживеам“ – изјави Миодраг Тодоровиќ.
Таа вечер Миодраг го замолил докторот да добие вода од Св. Петка. Докторот му рекол дека ке му донесе утредента, но тој го замолил тоа да го стори уште истата вечер.
Разговорот меѓу новинарка на Телеграф и Тодоровиќ почнал сосема случајно, кога новинарката излегла да позборува со граѓаните за значењето на божиќниот пост, самиот празник и исчекувањето на Божиќ.
Миодраг рекол дека верува оти исклучиво верата, молитвата и самиот Бог го спасиле од здравствените проблеми во кои се нашол.
– Бидејќи бев во многу лоша состојба, сакав да добијам вода од Света Петка. Таа ноќ, кога бев во шок собата, лекарите рекоа дека веројатноста дека ќе умрам е 99 отсто, а 1 отсто дека ќе преживеам. Дојде 10 часот ноќе, а јас цело време размислував кога ќе дојде некој да му кажам што ми треба.
Дојде доктор по некое време, го прашав дали може нешто да ми донесе и побарав вода од Света Петка. Ми рече „Добро, ќе ја донесам до утре“, на што го замолив тоа да го направи таа вечер.
Инаку, имав и сепса и беше само прашање на момент кога ќе умрам. Утрото, кога брат ми донесе вода, помислив „Сакам да ја испијам оваа вода, па нека умрам“. Другиот ден веќе живнав и состојбата почна да ми се поправа. Во меѓувреме искрено се молев, рекол тој.
Кога го прашале дали од тој момент пости редовно, рекол дека пости откако знае за себе, и дека неговата ситуација била само уште една, дополнителна потврда дека спасот е кај Бог.