Чудовиште кое најавува земјотрес: Испливало на крајбрежјето, па мистериозно исчезнало


Легендата вели дека оваа риба најавува земјотрес, а мистеријата ја продлабочува фактот дека исчезнала само еден ден откако била откриена.

Еден од вистинските џинови на морските длабочини, за кој научниците малку знаат, неодамна е откриен на брегот на морето во Арамоана на Нов Зеланд. Риба колан, чие што латинско име е Regalecus glesne, долга е три метри. Научниците не знаат многу работи за овој вид риба, а ретки се оние кои имале прилика да ја видат во живо.

riba-nov-zeland-dzinovska-02

Се претпоставува дека живеат на длабочина од 1.000 метра, но понекогаш испливуваат на површината за да дојдат до храна. Ретките видео записи од оваа риба покажуваат дека тие пливаат вертикално, со главата свртена кон површината, како подобро би го виделе пленот. Неодамна токму еден ваков примерок беше забележан на крајбрежјето во Арамоана, во Нов Зеланд.

Стручњаците од Музејот Отаго земале примерок од рибата, бидејќи поради нејзината големина не можеле целосно да ја сочуваат. Од неа ги извадиле репродуктивните органи, црниот дроб и дел од мускулното ткиво поради генетска анализа.

riba-nov-zeland-dzinovska-01

Старите легенди пак велат дека оваа риба најавува земјотрес, а мистеријата се продлабочува со фактот дека таа исчезнала набрзо откако била откриена. Сепак, стручњаците сметаат дека ја однела плимата, бидејќи нејзиното месо е желатинесто и таа не се препорачува за исхрана.

Овие морски џинови имаат бизарна склоност да ампутираат делови од сопственото тело, што се случува повеќе пати во текот на нивниот живот и сето тоа не влијае врз нивните витални органи. Сепак, тие не ја одгризуваат својата опашка, туку ја отфрлаат, како што тоа го прават и гуштерите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1