Чумата ги променила човечките гени!


Чумата која во Европа била позната како Црна смрт не само што уништила половина од населението на нашиот континент, туку и ги променила деловите на човечката ДНК.

Научниците се добро запознаени со влијанието на патогените во минатото и нивниот учинок на генетиката на прадамнешните хуманоиди, но модерното влијание на чумата на нашите генетски маркери е очигледен показател како човечките битија постојано се менуваат и дека оние кои ги преживуваат големите пандемии пренесуваат новонастанати гени на своите потомци.

Човечката еволуција ја обликувале патогените

cuma-mig-geni-02Патоген е кованка од старогрчките зборови патос (патење) и гигномани (микроб), што би значело „микроб кој предизвикува патење“. Всушност, станува збор за биолошки агенси кои предизвикуваат болести на организмот, без оглед дали санува збор за вируси, бактерии или габи.

Научна студија објавена во 2011 година открила дека насилниот облик на маларија (која ја предизвикува протозоа – праживотно, поточно паразитум Plasmodium), предизвикала еволуциски расчекор помеѓу хоминидите кои дополнително се претвориле во луѓе и оние кои останале налик на животно.

Имено, тој скок се случил во една единствена генерација пред 3 милиони години, а промените биле толку големи што преживеаните од прадамнешната маларија промениле одредени гени одговорни за создавањето на ензимите Neu5Gc и Neu5Ac. Сиаличната киселина или NeuGc е специфична молекула на шеќер со која се покриени клетките на животните. Овие молекули се есенцијални за клеточна интеракција со други клетки и потенцијални патогени. Сите живи мајмуни, освен луѓето, создаваат одредена количина на сиалична киселина која се нарекува Н-глуколилнеураминичка киселина, или Neu5Gc.

Генетички променетите хуманоиди, освен создавањето на имунолошка отпорност и невозможноста за парење со носителите на овој ензим, почнале да го надополнуваат губитокот на истите со нов спој – Neu5Ac, а во исто време се промениле и навиките на хранење.

Овој процес во научните книги е познат како „Настанок на видовите преку инфекција“, а дека Хомо сапиенс постојано се менува можеме да видиме и од најновите здравствени студии кои ги направија научниците од Универзитетот Радбоуд во Нјеминген и неговиот медицински центар.

Чумата и нејзиниот учинок на човечките гени

Чумата која ја покосила Европа од 1340 година направила промени на гените кои директно влијаеле на имунолошкиот систем на луѓето од тоа време. Тие промени би можеле да објаснат зошто европјаните поразлично реагираат на некои болести од остатокот на популацијата на Хомо сапиенс, и исто така објаснува и различен степен на чувствителност на автоимуните пореметувања.

Некои нови варијации на нашите гени ни помагаат полесно да се носиме со инфекциите или заболенијата. Луѓето кои биле носители на така променетите гени имале повеќе деца и полесно се размножувале. Ако ги земеме предвид информациите од претходниот дел на текстот, тогаш сликата станува потполна.

Точка.ком.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1