Чувајте се од викенд забавите: Дури и со повременото опивање се намалува мозокот


Деталните истражувања откриваат дека поголемата количина на алкохол и пиењето во краток период, влијае на клетките во мозокот, кои се задолжени за памтењето и учењето.

Одамна веќе е познато дека дневно една чаша вино придонесува за подобрувањето на здравјето. Новото истражување на научниците од Универзитетот Роџерс, укажуваат на тенката линија меѓу умереното и понекогаш интезивното пијанство кое доведува до умртвување на клетките во мозокот, понекогаш дури и до 40%.

Скромното конзумирање на алкохол, понекогаш може да се претвори во повремено опивање, а тоа личноста да не го свати сериозно. Последиците од таквото однесување нема да се приметат веднаш, но долгорочно ќе остави трагови по мозокот. Со време, личноста ќе има намален капациетет за учење и меморија“, вели истражителката Меган Андерсон.


Деталните истражувања покажале дека големи количини на алкохол за кратко време, (како што е случај со повременото викенд пиење), влијае на клетките во делот од мозокот одговорен за меморија и учењето. Кај жените, штетните ефекти можат да бидат предизвикани од 3 до 4 пијалоци.

„Нашето истражување покажува дека е опасно и она конзумирање на алкохол кое се смета за друштевно прифатливо. Дури и повременото пиење во поголеми количини може да му наштети на мозокот, а тоа е облик на однесување кое што е прифатено од поголем број на луѓе, особено е практикувано кај младината и затоа е важно да се истакне сериозноста на овој проблем“, нагласува Андерсон.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1