Фаустино Бариентос веќе 46 години живее во едно од најоддалечените делови на светот, длабоко во чилеанските планини, кај езерото „Охигис“.
Потполно сам, во целосна хармонија со природата, единственото нешто што му го нарушува мирот се радиото и весниците кои ги добива само два пати годишно, така се информира за најновите случувања во светот. Телевизија гледал еднаш во својот живот. Овде го минал своето детство, но следејќи го примерот на останатите 11 членови од неговото семејство и тој се отселил во Аргентина.
Се занимавал со градежништво, црпејќи искуство кое ќе му користи подоцна – кога ќе се врати во Патагонија. Пари не му се потребни, има доволно за да се прехрани себе си како и за животните кои што ги чува. Животот е многу поубав и поедноставен вака, уверува 81 годишниот самотник, вели овде ќе остане до крајот на својот живот.
Неговото планинско царство има две куќи, ги изградил од делови од рибарски брод. Во едната живее, а во другата чува храна и други намирници кои му ги испорачуваат со бродови, на десетина дена. И планините не се тоа што некогаш беа вели Бариентос, порано овие области биле многу понедостапни, сега, туристи доаѓаат речиси на секои десет дена.