Царовска: Годинава ќе нема екскурзии, наставниците ќе предаваат од дома за да се заштеди на греење


88 % од наставата во основните и средните училишта во државата се одвива он лајн, а учениците успешно ја следат од своите домови, истакна денеска во кочани министерката за образование Мила Царовска. За оние ученици кои немаат IT уреди, обезбедена им е опција за следење на настава преку 15 минутни часови кои се емитуваат на јавниот сервис, но и преку доставување на печатени материјали од страна на наставниците.

Бојкотот на наставата е само неконструктивен начин на искажување незадоволство од пандемијата, но пандемијата не е нешто што ние денеска одлучуваме, го сакаме или не го сакаме во нашите животи. Тоа не снајде и ние мораме да живееме со него- изјави Мила Царовска, министер за образование.

Во моментот се разгледува можноста и наставниците да работат од дома, на кој начин ќе се рационализираат средствата потребни за загревање на училниците.

Можеме да постигнеме повеќе инвестиции во инфраструктура, во IT опрема, наместо да ги расфрламе финансиските средства за загревање на цела училница за еден наставник – изјави Царовска.

За годинава сите екскурзии се откажани. Може да има само прошетки до 5 километри заради социјализација на учениците и наставниците. Парите уплатени во агенциите за ланските екскурзии не се вратени, а ваучерите не ќе можат да бидат искористени.

Повикувам да директорите на училиштата кои се одговорни за организација на екскурзиите ги повикаат родителите и да најдат заеднички јазик, на кој начин тие пари кои биле дадени минатат година, ќе им се вратат. Но, оваа година екскурзии не се дозволени- додаде Царовска.

Царовска денеска посети неколку училишта во Кочани и оствари работни средби со директорите на образовните установи во градот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1