Ципрас: Европските вредности понекогаш се посилни на Балканот отколку во Брисел


Одлуката на Европскиот совет да отфрли почеток на пристапни преговори за Македонија е порака на слабост и пораз на европската структура.

Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел, напиша на Твитер поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас, додавајќи дека неодредениот датум за почеток на пристапни преговори за Македонија е порака на слабост и пораз за европска структура, jави дописничката на МИА од Атина.

-Одлуката на Европскиот совет да отфрли почеток на пристапни преговори за С. Македонија е порака на слабост и пораз на европската структура. Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел. Ќе продолжиме да се бориме за иднината и за обединетоста на Европа. Тоа им го должиме на нашите народи, напиша Ципрас на Твитер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1