Да му умре козата на комшијата менталитет – Семејна расправија остави половина село без вода


Семејна расправија остави половина село без вода.Повеќе од четири месеци селаните од плачковичкото село Калузлија немаат вода. Исмаил Идриз вели дека му е познато кој намерно со трактор и со секира на неколку пати го сече цревото кое поминува низ една од нивите, јавува Алфа.

90718_voda-iz-cesme_fБез вода нема живот-реагираат семејства кои се без вода. Тврдат дека се приморани и по 16 километри да патуваат за да наполнат вода од соседното село Козјак.
Проблемот и е познат и во комуналното претпријатие Плачковица во општина Карбинци. На неколкупати пријавувале во полиција за штетите предизвикани од сечењето на водоводните црева.
Да биде проблемот поголем, намален е и дотокот на вода во селскиот резервоар. Решението се бара во проект со кој на селаните од Калузлија ќе им се обезбеди вода од детското одмаралиште на Плачковица.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1