Да ти се скине срцето: Постарото братче е вистински херој за неговата болна сестра (Видео)


Понекогаш единствено нешто што ни е потребно е постар брат кој ќе се грижи за нас. Вредноста на тоа сигурно ја знае малото девојче Линдзи Кокран кое е родено со ретка болест, спинална мускулна атрофија и врзана е за инвалидска количка од својата втора година.

bratce-bolna-sestraTaa иако е неподвижна, не е осамена, бидејќи за цело време покрај себе го има својот постар брат Трентон.

„Таа е мој најдобар пријател. Би умрел за неа“. – рекол Трентон во видеото посветено на нивниот посебен однос. Во еден момент во видеото братчето почнува да плаче, бидејќи е премногу емотивен кога зборува за тоа колку е посветен на својата сестричка.

„Полесно поминувам низ животот бидејќи покрај себе имам брат кој се грижи за мене“. – рекла малата Линдзи.

Минатата година Трентон добил и награда за „Вистински херој“ која ја доделува радиостаницата „K-LOVE“, посветена токму на ваквите позитивни и охрабрувачки приказни.

Погледнете го краткото видео кое нема да ве остави рамнодушни:

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1