По струен удар, неговите очи доживеале неверојатна промена


После низа струјни удари кои ги доживеа на работа, човек од Калифорнија разви очна катаракта во форма на ѕвезда.

Човекот на возраст 42 години дојде во контакт со струја од 14.000 волти која помина низ целото негово тело, вклучувајќи и го и оптичкиот нерв. Овој нерв го поврзува мозокот со окото.

eyesstar– Оптичкиот нерв всушност е сличен како и секоја друга жица која спроведува струја, изјави др. Боби Корн од Универзитетот во Калифорнија, кој го лекуваше повредениот.

– Во овој случај, силниот напон поминал низ многу важна „жица“ во човековото тело и предизвика штета – наведе Корн.

Четири недели после несреќатаа, Корн го прегледа пациентот кој имал проблеми со видот. После прегледот утврдено е дека тој развил катаракта „која е во форма на ѕвезда“, наведе Корн. Катарактата ги замаглува зениците и така ја намалува видливоста кај пациентот.

И понатаму не се знае зошто катарактата некогаш поприма ѕвездена форма, наведе Корн. Кај животните, ударот на струја предизвикува појава на „балончиња“ во окото кои подоцна формираат ѕвездена форма.

Четири месеци после несреќата, пациентот се оперирал за да му биде отстранета катарактата и видот донекаде се подобри. Но ударот на струја предизвика трајни оштетувања на оптичкиот нерв, така што видот и понатаму е послаб отколку пред несреќата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1