Да те дри шлог: Му стигнала сметка за струја од 25 милиони динари


На Небојша Петковиќ од Ниш му стигнала сметка за струја која ги собори сите рекорди досега. На неговата адреса стигна сметка која изнесува неверојатни 24 милиони 449 илјади и 109 динари, или 210 илјади евра.

racuni620x0Небојша вели дека не било возможно а да не се вознемири од ваквата сметка, која речиси стигна до неверојатни 25 милиони динари. Проблемот било тоа што се однесувала на друго броило кое што тој не го користел.

-Тоа броило во моментов никој не го користи. Тоа е броило за цел спрат, а другото броило е за приземје кое го користам и го плаќам редовно, за сума од две до три илјади динари. За бролилото кое не го користам, плаќам такса за одржување која изнесува околу 500 динари, вели Небојша Петковиќ.

Според ваквата сметка тој потрошил речиси два милиони киловати во сите тарифи и зони, а истата да ја плател до 22 јануари би имал попуст од милион динари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1