Вонредна прогноза: Утре ветер, нагло паѓање на температурата и снег


Времето утре во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Околу пладне и попладне ќе дува засилен северен ветер наместа со брзина и над 70 километри на час, пренесува МИА

zabrana snegОва северно струење ќе услови температурите во текот на денот нагло да опаднат, а врнежите од дожд да преминуваат во снег, најпрво во северните делови од земјата. Снежна покривка ќе се формира на планините и на повисоките места, меѓутоа помала снежна покривка е можна и на некои пониски места.

Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од три до 10 степени. Во северните делови околу пладне и попладне температурата нагло ќе опадне.

Во Скопје времето утре ќе биде облачно, претпладне со врнежи од дожд, а околу пладне со засилен северен ветер што ќе услови врнежите и во Скопско да преминуваат во снег, но ќе се намалат во интензитет. Утринската температура ќе биде до пет, а дневната околу четири.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, студено и ветровито, а ќе има и локални врнежи од снег.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1