Дачиќ фатен во кражба: „Да ве еб*м сите“


Поранешниот српски премиер, Ивица Дачиќ тотално одлепил, пишува српски Курир.

Откако весникот објавил информација дека во кабинетот на Министерството за внатрешни работи со кое раководеше Дачиќ се криел Орденот на Југославија, кој своевремено му бил доделен на Слободан Милошевиќ, лидерот на партијата со која некогаш раководеше популарниот Слобо, збеснал кога редакцијата на весникот му се јавила за коментар.

dacic kurir

„Дали знаете дека се зборува дека владејчката Српска напредна странка ќе ви го згасне весникот до Нова Година? Кој ќе ви остане? Дали оваа приказна ви ја даде Небојша Стефановиќ? Сега ќе го побарам да му се нае*ам. Зошто ми го правите ова. Со што заслужив? Сега Небојша ви е супер. Ма да ве еб*м сите“ – рекол Дачиќ.
Инку орденот кој му бил доделен на Милошевиќ тежи околу 800 грама. Изработен е од злато и дијаманти и неговата вредност се проценува на повеќе од 170.000 евра.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1