Дачиќ: Србија нема да ги поддржи кандидати за генерален секретар на ОН од Црна Гора, Македонија и Хрватска


Кандидатите на Црна Гора, Македонија и Хрватска, за генерален секретар на Обединетите нации(ОН), нема да добијат поддршка од Србија, изјави во среда шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.ivica-dacic-1344625936-196563

„Тоа би било како да ме прашате дали би го поддржале предлогот од Албанија“, рече Дачиќ на прес конференција во Белград.

Тој додаде дека станува збор за сериозна функција и дека Србија мора да води сметка кому ќе ја даде поддршката.

„Тука не станува збор за персонални решенија и дали имаме нешто против некој од нив. Зборуваме за политика, политички интереси. Се покажа дека гласањето на некои земји во регионот по прашањата кои беа важни за Србија, беа спротивни на нашите интереси“, рече Дачиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1