Гулчекхра Бобкулова (38), дадилката која во Москва му ја отсече главата на детето, изјави дека тоа го сторила за да се освети за муслиманите убиени во Сирија.
На видео снимката која кружи на интернет дадилката од Узбекистан прв пат детално објаснува зошто го направила злочинот.
-„Се осветив на оние кои проливаат крв. Путин проли крв со бомбардирање на Сирија. Зошто муслиманите се убиени? И они сакаат за живеат и помеѓу нив има деца“, изјавила Бобокулова.
Таа открила дека сакала да се пресели во Сирија, но не прецизирала во кој град, исто така потврдила дека само сакала да живее во муслиманска област.
На прашањето дали долго го планирала убиството, одговорила дека во последниов месец ги пратела случувањата во Сирија и дека размислувала на бомбардирање на деца.