Дала отказ за да не ја отпуштат колешката самохрана мајка (Фото)


Девојка вработена во винковачката фабрика “Унидал“, стана херој во Хрватска, бидејќи своето работно место го отстапила на самохрана мајка со две деца.

ĐurđicaФабриката “Унидал“, што произведува опрема за далеководи вработила околу 130 работници. Како и многумина во ова време и “Унидал“ е зафатена од финансиската криза, па неодамна требало да бидат отпуштени три лица, меѓу кои се нашла и една самохрана мајка.

Но нејзината колешка Дубравка Главаш од Винковаци се пријавила доброволно да добие отказ, место својата колешка Ѓурѓице Швигач
Кога директорот на “Унидал“ ги соопштил имињата на вработените кои ќе бидат отппуштени, девојката која ги изненадила сите со својата постапка рекла

“Сакам своето работно место да и’ го отстапам на колешката, но под услов дека тоа место ќе биде само за неа“.

Djurddjica-3“Јас сум се’ уште слободна, без обврски и живеам кај своите родители, па затоа можам своето работно место да и’ го препуштам на мојата колешка“, изјавила девојката која своето работно место и го препуштила на колешката.

По нејзината изјава, многумина од присутните заплакале, а солзи се појавиле и во очите на директорот, кој ја одобрил нејзината молба.

Великодушната девојка подоцна рекла дека таа полесно ќе се снајде отколку нејзината колешка која е самохрана мајка на две деца која има кредити за плаќањe.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1