Дали е главниот град на Шпанија следната мета? Кулибали бил 3 дена во Мадрид пред нападот во Париз


Амеди Кулибали престојувал во Мадрид од 30-ти декември до 2-ри јануари со уште едно лице, чиј идентитет сè уште не е утврден.

Францускиот терорист, Амеди Кулибали, минал три дена во Мадрид пред минатонеделните напади во Париз. Шпанската полиција сега истражува дали таму имал своја поддршка, пишува шпанскиот весник La Vangardia.

terorist 44
Кулибали престојувал во Мадрид од 30-ти декември до 2-ри јануари со уште лице, чиј идентитет сè уште не е утврден, напишал овој дневен весник кој се печати во Барселона.

Шпанските власти работат со своите колеги од Франција на истрагата за активностите на Кулибали во Шпанија, за да утврдат дали имал поддршка од исламистички групи кои оперираат во таа земја.

Амеди Кулибали, во петокот на 9-ти јануари, убил 4 заложници во супермаркет во источниот дел на Париз. Тој, исто така, е одговорен за убиството на полицајка еден ден претходно во Монруж, на југот на Париз. Кулибали бил убиен во акцијата на полицијата во супермаркетот во Париз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1