Додека во светот кружат разни теории на завера во врска со мистериозното исчезнување на боингот 777 Малезија Аирлајнс, во потрагата се вклучи и компанијата ДигиталГлоуб.
Компанијата во вселената има неколку сателите кои можат Земјата да ја снимаат во висока резолуција а пред пет дена активирала и посебна веб страна на која ги објавуваат новите фотографии кои посетителите можат да ги пребаруваат. А потоа остваат коментари што мислат и што нашле.
Досега се внесени снимки со површина од 3.200 квадратни километри, а нови стигнуваат постојано.
Една спефицична фотографија на која се гледа силуета која наликува на авион забележал и Мајк Себергер.
-Прво поминав преку тоа и помислив дека нема шанси да пронајдам нешто така брзо, но пота почнав да се враќам на таа фотографија, силуетата се повеќе ми налиуваше на авион- вели Себергер за CNN.
Не е сосема сугурно за која локација станѕва збор, но се надева дека неговиот пронајдок наскоро би можел да биде верифициран.
Сајтот ги проверува сите пронајдоци на читателите а потоа оние најверојатните ќе им ги испрати на истражителите кои трагаат по авионот.