Дали е ова крај на К15 – Штом е оставено на волјата на фирмите, К-15 нема да се исплаќа


Работодавците нема да исплаќаат K-15 на работниците кога повеќе не се обврзани да го прават тоа, вели Здравко Савески, активист и експерт за работнички права во разговор за Радио Слободна Европа. Според него, во многу ретки случаи ќе има исплата на K15, бидејќи работодавците се обидуваат да ги избегнуваат и задолжителните обврски во законот.broenje denari pari mk

Господине Савески колку сега навистина работниците ќе добиваат К-15 кога работодавците повеќе не се обврзани да го исплаќаат?

Како и во секоја ситуација кога нема обврска кај работодавците да исполнуваат одредена обврска кон работниците и во овој случај многу ретко ќе има исплата на К-15. Работодавците во Македонија кога се однесува на работничките права дури и кога некое работничко право е утврдено како обврска многу често наоѓаат начин да го избегнуваат тоа во практика. А кога е оставено на нивна добра волја како исплатата на К-15, сигурно во многу мал процент на фирми ќе исплатат К-15.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1