Забрането е издавањето соби за туристи во колективни згради во Охрид


Приватните станоиздаватели од Охрид во колективни станбени згради велат дека ќе бидат приморани нелегално да издаваат соби на туристи, бидејќи надлежните институции не им ги продолжуваат истечените решенија за категоризација

Според измените во Законот за угостителска и туристичка дејност, се забранува вршење туристичка дејност, односно издавање апартмани, станови и соби на туристи во станбени згради.ohrid (2)

Приватните станоиздаватели реагираат дека со ова ќе се намали туристичката понуда во Охрид и ќе се зголеми сивата економија.

Станоиздавателите информираат дека на нивните барања за продолжување на решенијата, од Секторот за туризам и локален економски развој добиваат известување дека моментално не се издаваат решенија за оние станоиздавачи кои имаат поднесено барања за нови решенија или продолжување на оние на кои им е истечен рокот во станбена зграда, а образложението е поднесена претставка од Асоцијацијаса на хотелиери на Македонија (ХОТАМ).

Хотелиерите реагираат дека 11 години на сила се законските одредби со кои е забрането да се издаваат станови на туристи во колективни станбени згради.

Во општина Охрид регистрирани се вкупно 420 станоиздавачи во колективни станбени згради.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1