Маж и жена тешко повредени, со автомобил удриле во воз


Тешка сообраќајна несреќа го вознемири штипскиот регион.

Повредени се маж и жена откако поради непознати причини со својот автомобил се судриле со воз на пругата во близина на Кадрифаково.voz pruga3

Двајцата имаат тешки повреди, а жената се бори за живот. Таа со скршеници на градниот кош итно е пренесена во Скопје, а постои сомнеж дека кај неа има внатрешно крварење.

Нејзиниот сопруг со скршеници на двете нозе е хоспитализиран во штипската болница.

Повредениот жител на Ерџелија бил професионален возач.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1