Дали е ова крајот на “Европа”?


Германците, во улога на основачи и спонзори на повоенaта унија ги затвораат своите граници. Ова е обид за политичко преживување од страна на канцеларката, која што го допушти влезот на милиони мигранти во земјата, а потоа фатена во небрано, размислува дури и за враќање на германската марка.

Ова не е дел од фантазиите на тврдите евроскептици. Ова е вистинска тревога која станува изразена во највисоките ешалони на власта во Берлин и Брисел.Mapa-Evrope-teroristi-dzihadisti100-copy-620x350

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, која во последно време страда од пад на рејтингот по настаните во Келн на новогодишната ноќ, и претседателот на ЕУ, Жан-Клод Јункер ја споменаа оваа гласина минатата недела.

Јункер ја поддржи Меркел и предупреди дека централизираната економија на заедничкиот пазар и самите евра се во опасност поради националистичките реакции кон миграцијата и други кризи. Тој спомена и “последна шанса” на Европа, иако сè уште се надева дека ова не е “почетокот на крајот”.

Меркел, која се соочува со проблеми не само со своите противници, туку и со конзервативните поддржувачи, ја нарече Европа “ранлива”, додека иднината на еврото “е поврзано директно” со решавањето на миграциската криза.

Меркел го истакна ризикот од сериозна економска турболенција, па дури и формална промена во евроинституциите.

Некои ги гледаат овие идеи како тактика за спасување на Европејците од страна на лидерите кои имаат премногу да изгубат од евентуалниот колапс на Европската унија. Грците и Италијанците ја одолговлекуваат заштитата на медитеранските граници на блокот, а источните имаат корист од германските субвенции и понудата на работни места, па ги оставија зад себе недоразбирањата и непријателството, па нудат помош за мигрантите.evropa-1389393900-425689

Германците се потпомогнати и од создавачот на ЕУ – Франција, чии што лидери се плашат од анти-имигрантскиот бран што се случува на Националниот фронт. Третата сила во европскиот блок, Велика Британија, пак, е поделена од внатрешни дебати дали да го напушти европскиот клуб.

Макар и да се работи за празни закани, германските и европските политичари предупредуваат за можно затворање на вратите на Германија. Помошта на Турција не покажува резултати во обидот да го намали протокот на луѓе кон грчките плажи. Потребен е драстичен пад на приливот или промена на позицијата на другите земји-членки, за да му ја олеснат на Берлин задачата да ги спасува мигрантите.

Германски предупредувања

Во Германија претстојат локални избори во мај, затоа и Меркел е на нишан од своите конзервативни сојузници кои ја принудуваат да го сопре влезот на главно муслимански мигранти во земјата.

Министерот за финансии ги предупреди другите европски држави за евентуални последици од овие настани.grcka-nemacka-angela-merkel-ep-evropsko-prventvo-cetvrtfinale-1340150970-176414

„Луѓето мислат дека тоа е германски проблем. Но ако Германија го направи она што се очекува од неа, тогаш ќе видиме дека тоа не е германски проблем, туку европски“, вели германскиот министер за финансии во Брисел, Волфганг Шојбле.

Прочитајте и:  Европа ги учи мигрантите како да ги третираат жените

Сојузниците на Меркел се обидуваат да ги задушат бунтувањата во внатрешноста на партијата, кои пак лани негодуваа околу спасувачките појаси за Грција. Постои притисок и за донесување на национални мерки – како граничните огради, на пример. Ангела Меркел сепак, дете на Источна Германија, одбива да соработува.

„Ако се изгради ограда, тоа ќе биде крај на Европа каква што ја познаваме. Треба да сме стрпливи“, вели таа.

…но друг германски политичар забележува дека времето истекува

„Канцеларката ја моли партијата за повеќе време. Ако ги додадеме и дебатите околу Келн, Меркел се соочува со тешка ситуација.“

Тој додаде и дека се очекуваше пад на мигранти за време на зимските месеци, но тоа не се случи.

„Можете само да замислите што ќе се случи кога времето ќе се подобри.“ – вели тој.

Стравови за Шенген

Меркел и Јункер постојано ја поврзуваат засилената контрола на границите на инаку слободната Шенген зона со распадот на единствениот пазар, кој е во јадрото на ЕУ и на еврото.

„Без Шенген … еврото е бесмислено.” – рече Јункер во петокот.

Сè уште Меркел не се искажа за евентуален построг режим на границите, каков што усвоија Австрија и Данска, но рече дека Европа може и да настрада.

„Никој не може да се преправа дека е можна иста валута, кога границите не можат да се поминат лесно.“ – изјави таа на бизнис настанот минатата недела.evropska komisija

“Имаме време до март, можеби до летоска, за да донесеме европско решение. Инаку Шенген си заминува. “- вели друг германски политичар.

Европскиот чиновник исто толку директно кажа: “Постои голем ризик Германија да се затвори. Потоа нема да има Шенген … постои ризикот во февруари да почне крајното одбројување. “

Од сите 160 000 бегалци во Европа, кои требаше да бидат распределени меѓу земјите-членки, според решението од септември, помалку од 300 беа распределени.

Берлин и Брисел продолжуваат да инсистираат за распределба на мигрантите во Европа, но помалку веруваат во тоа. Германски службеник дури вели дека ова е како “да вадите нож на умрено куче”.

Европските лидери се надеваат на помош од турскиот претседател Ердоган – политичарот кој многумина го сметаат за диктатор.

Берлин инсистира за дополнително финансирање на Анкара по блокираните 3 милијарди евра од Италија. Некои Германци нудат исползување дури на германски фондови, за да се намали приливот на луѓе од Турција.

Европските политичари тврдат дека е премногу рано за паника, со оглед на тоа што бранот се намалил во текот на овој месец..

За разлика од нив европскиот комесар за миграција, Димитрис Аврамопулос, кој пристигна во Берлин во понеделникот изјави пред Европскиот парламент дека “ситуацијата станува полоша”.

Бегалската криза го загрозува “самото јадро на Европската унија” и не нуди особен оптимизам освен “оптимизмот е нашата последна опција за заштита”.

365.com.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1