Дали е подобро да се живее во куќа или во стан?


Без оглед на која од овие две можнсти сте се одлучиле, секоја од нив има свои предности и недостатоци.

Ова се неколку основни универзални параметри кои треба да се земат предвид при донесување на одлука за што ќе се одлучите.stan pari kukja

Одржување

Стан: Животот во стан не подразбира голема посветеност кога станува збор за одржување на вашиот станбен простор. Станот, лесно и брзо може да го одржувате чист и уреден. Меѓутоа, живеење во зграда бара соработка со другите станари и подразбира имање обзир кон другите жители на зградата.

Куќа: Одржување на куќата бара повеќе ангажман, особено кога станува збор за уредување на градината и домаќинство, иако на многу луѓе куќата со овие обврски воедно им е издишка од секојдневниот стрес и другите обврски.

Комфор

Стан: Од можностите и индивидуалниот избор зависи и нивото накомфорот во станот. Меѓутоа, со оглед на тоа дека станбените згради воглавно се наоѓаат во близина на сите потребни содржини, голем конфор имаат на дофат на рака- теретана, продавница пазар, парк и други потреби.

Куќа: Куќата е секако кралица на комфоррот. Освен што можете да ја приспособите на сопствените барања и желби, можете во целост да ги сочувате мирот и приватноста. Исто така, можете да уживате на воздух во својата градина, а голема предност е неограничената можност за чување на домашни миленици.

Трошоци

Стан: Што се однесува до трошоците, животот во стан не носи многу големи месечни режиски сметки и трошоци за одржување. Со добра организација може да ги контролирате своите трошоци и да се прилагодите кон своите можности.

Куќа: Куќите се нешто поскапа варијанта кога станува збор за режиските трошоци, но треба да се земе предвод дека вложувањето во куќата е долгорочно поисплтливо и потрајно решение. Исто така, во куќата сте независен станар и можете самостојно да одлучувате за вложувањето во енергетската исплатливост.

Стил на живот

Стан: Станот е идеален избор за сите оние кои водат активен живот со забрзано темпо, независно од тоа дали се самци или имаат семјство. Станарите кои се одлучуваат за живот во стан, сигурно поминуваат многу време вон својот дом.

Куќа: Куќата е идеале избор за луѓе кои сакаат да поминуваат повеќе време дома, со максимална приватност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1