Дали евтините летови се навистина евтини? – еве за што се се плаќа дополнително


Но оној кој патува со ниско-буџетна компанија мора да има предвид повеќе работи, да не речам да биде спремен на одредени непријатности од типот откажување на летот без притоа да бидат рефундирани средствата и без да бидат згрижени патниците.Ако се носи багаж, куферот мора да биде со големина според стриктно пропишаните димензии во спротива секој килограм повеќе или багаж повеќе од дозволеното значи и поголема цена која понекогаш може да биде поскапа од самата авио-карта, пишува емагазин.

viz airТака, „Виз ер“ дозволува секој да понесе дополнително 6 куфери со тежина до 32 килограми, а за секој поединечно ќе треба да плати од 15 до 25 евра. Се наплатува и такса за резервација на билет по телефон или на аеродром од 8 до 10 евра. Промената на летот и името на патникот чини 30, односно 40 евра. Дополнителни 45 евра чини и пренесување спортска опрема, како скии, сноуборд-даски и слично. Едно од поевтините задоволства е купувањето екстра простор за нозете во авионот, за кое се одвојува до 16 евра. Бидејќи билетите не се нумерирани, секој што сака да си фати подобро столче, за 8 евра може да си купи приоритет за влез во авионот.

Друг проблем во однос на евтините летови е што картите не се на располагање баш секогаш кога вам ќе ви притребаат. За да искористите ниска цена, најдобро е да знаете дека ќе патувате барем неколку месеци или една година порано. За да може навреме да резервирате. Ако патувањето ви излегло „апансас“ и барате евтина карта за да речеме одма, многу е мала веројатноста дека ќе најдете. Потоа, ќе бидете вистински среќник ако добра цена начекате за патување околу некои поголеми празници како Божиќ, Нова година.

Ниско-буџетните авио компании вообичаено слетуваат на помали аеродроми кои се оддалечени од 50-70 километри од градовите каде што сте тргнале. Тоа е пред се заради помалите трошоци кои ги плаќаат. Но, сепак конекцијата од аеродромот до градовите не треба да биде проблем, бидејќи има редовни автобуси, возови кои се обраќаат до градовите. Но и тие треба да ги мислите од типот, кога ги има, па ако се работи за автобуски превоз да го начекате најевтиниот. Кога слетав во Лутон и кога требаше да се упатам кон Лондон имаше два автобуски превозници чија разлика во цена навистина беше драстична.

Нискобуџетните авиокомпании работат на принцип една класа. Нема бизнис класи, конфорт класи туку една единствена класа за седење. Нискобуџетните авиокопмании не даваат бесплатен оброк за време на летот, што инаку следува кај стандардните авио-компании.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1