Поранешната кандидатка на Зелената партија за американски претседател, Џил Стајн, тврди дека собрала доволно пари да финансира повторно пребројување на гласовите на претседателските избори во сојузната држава Висконсин, пишува “BBC”.
Нејзиното барање за ново пребројување доаѓа откако двајца експерти за избори сугерирале дека гласовите во таа сојузна држава треба повторно да се пребројат поради малата разлика со која Доналд Трамп ја победил Хилари Клинтон. Експертите велат дека нема индикации дека Трамп победил со помош на хакување, меѓутоа еден член на изборната комисија на Висконсин тврди дека таа држава се подготвува за повторно броење на гласовите.
Во вторник, имено, New York Times објавил дека група експерти, предводена од адвокатот Џон Бонифаз, и Џеј Алекс Халдерман, директор на Центарот за компјутерска безбедност при Универзитетот во Мичиген, го контактирале штабот на Клинтон и сугерирале да бараат повторно пребројување на гласовите во Висконсин, Пенсилванија и Мичиген., државите во кои Трамп победил со релативно мала разлика.
Халдерман изразил сомнение во безбедноста на машините за гласање без хартија. Халдерман додал дека “хакерите” веројатно не се заслужни за разликата во резултатот на изборите во тие држави во однос на предизборната анкета.
Секоја сојузна држава има рок до кога може да побара пребројување на гласовите, тој рок во Висконсин е 25. ноември, односно денес. Рокот за Пенсилванија е 28. ноември, додека за Мичиген рокот е 30. ноември.
Стејн на својата интернет страна напишала дека повторно пребројување е потребно за да се покаже “колку е системот на американските избори недоверлив”. Таа во средата вечер собрала повеќе од 2,5 милиони долари, доволно за гласовите во Висконсин повторно да се пребројат. Се проценува дека би биле потребно 7 милиони долари да се пребројат гласовите во сите три држави.
Медиумите во Висконсин јавуваат дека според неофицијалните резултати Трамп во таа држава победил за 27.000 гласови. Демократите во Висконсин победиле на седум претходни избори по ред.
Евентуалната победа на Клинтон во Висконсин не би го променила конечниот исход на изборите, меѓутоа, доколку се воспостави дека победила и во Пенсилванија и Мичиген, кои заедно носат 46 електори, тогаш таа би имала мнозинство во Изборниот колеџ и би станала претседател.
Шефот на изборната комисија на Висконсин, Мичел Хас, рекол за локалните медиуми дека “нема причина за сомневање во исправноста на изборниот процес”, но дека комисијата се подготвува за ново броење. Повторното броење бил било потег “без преседан”, нагласуваат медиумите.
Доналд Трамп оваа намера не ја коментирал, а Хилари Клинтон и Демократската партија не побарале повторно броење на гласовите
Tocka.com.mk