Инцидент на аеродром: Таксист се забил во автомобилот на Дачиќ


Инцидент на аеродромот Никола Тесла во Белград се случил утрово кога таксист се забил во три возила на српското министерствтво за надворешни работи.aerodrom-nikola-tesla-ivica-dacic-foto-dragan-kadic-dado-dilas-1480245289-1044677-640x432

Неофицијално, во близина на ВИП влезот на аеродромот, такси возило со голема брзина излетало од зад кривината и се забил во последното од трите паркирани возила на делегацијата на шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ, по што сите три возила биле оштетени.

Според информациите никој не е повреден, а Дачиќ во тој момент не бил во ниедно од возилата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1