Дали Пепелашка е само бајка – ова е вистинската пепелашка


Rhodopis

“Rhodopis” е оргиналната древна верзија на пепелашка – првиот запис е во 1 век ПНЕ од страна на грчкиот историпчар Страбо и се смета дека тоа е најстарата верзија на приказната за пепелашка.

Со тоа што Родопис навистина постоела. Rhodopis, што во превод значи “румени образи” и живеела во Тракија, во југоисточниот дел на Балканот, 500 години п.н.е.

Таа била продадена како роб на некој човек од Египет, кој се викал Charaxos. Благодарение на нејзината светла кожа и русата коса, таа му била најмила на господарот.

rhodopis shoes

Во една прилика тој и подарил скапоцени, златни чевли кои требале да даваат одсјај од нејзината коса на сонцето.

Останатите слугинки, грди и незабележани од страна на господарот од завист почнале лошо да се однесуваат кон неа и на тој начин го земале местото на полусестрите во бајката.

На фестивалот во Мемфис нејзиното прекрасно лице и златните чевли му се допаднале на фараонот Ahmose II, последниот голем владател на Египет пред освојувањето од Персија.

Познатиот владател ја однел во дворецот да му биде една од неговите жени, бидејќи немал кралица, туку мноштво куртизани.

Rhodopis2

Секогаш луѓето сакале да ги украсуваат вистинитите приказни, па во тоа време се сметало дека богот Хорус, преправен во орел, и земал една златна чевличка на Родопис и му ја однел на фараонот.

Фараонот потоа наредил на сите девојки во кралството да ја пробаат чевличката, за да се ожени со првата на која ке и одговара.

Потрагата по сопруга го однела до куќата каде служела античката Пепелашка, на која и било наредено да ја проба чевличката.

Откако виделе дека совршено и прилега, фараонот веднаш и предложил брак и Родопис живеела среќно до крајот на животот, како една од многуте негови жени.

Извор – think.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1