Што се случува по смртта? Ова прашање е старо колку и човештвото, па и не е чудно што е предмет на бројни научни истражувања.
Неодмана на Редит се постави тоа прашање, но на оние кои доживеале и преживеале клиничка смрт. Стигнале над стотина одговори, но само неколку ќе ви ги пренесеме во целост:
– Малку се сеќавам на возењето во автомобил на Итната помош, но воопшто не се сеќавам на своето тело. Го видов како лежи и се сеќавам дека таму беше лекар, докторот не беше покрај мене кога се онесвестив. Дојдов на свест по три дена подоцна. Стоев на некое место. Околу мене беше магла и потоа го здогледав мојот најдобар пријател, со кого во тоа време се расправав и не се дружевме. Дојде од маглата и ми рече да не одам, дека морам да продолжам да се одржувам во живот, ако не му ветам дека ќе продолжам , рече дека ќе ми врати. Му ветив, но без зборови и во истиот момент се вратив.
– Со возилото на Итната помош ме носеа во болница и се сеќавам дека стоев на страна и се набљудував себе си и останатите кои беа со мене.
– Се сетив на се што доживеав кога имав клиничка смрт. Немаше светло и ги немаше покојните роднини, никој не ми зборуваше да се вратам, но само видов работи кои никако не можев да ги видам од местото каде лежев. Се сеќавам дека говорев и бев лут бидејќи никој не ми одговараше.
Kurir.mk