Британскиот пензионер Џон Стивенсон на 70 годишна возраст треба да објасни дека не е терорист за да отпатува во САД како турист.
Џон заедно со сопругата Марион планирале на 3 декември да отпатуваат во Њујорк , купиле авионски билети и платиле хотелско сместување. Но , од американската амбасада им стигнало известување дека не може да патуваат во САД зашто се терористи.
Британецот раскажува дека при поплнувањето на формуларот за виза , системот го забрзувал и не можел да одговара на прашањата со целосно внимание. Така , наместо на прашањето ,,дали сте терорист?” наместо не , по грешка одговорил со да.
Сега веќе никогаш нема да може да замине во САД. За авионските билети и хотелот веќе потрошил 2 000 фунти . Од американската авио компанија Јунајтер Ерлајнс му рекле дека нема да му ги вратат парите , а единствено може да добие дел од вложените пари за хотелско сместување.
Освен тоа , Стивенсон ќе мора на суд да објасни дали е навистина терорист.