Гостивар: Татко го нашол бебето со повреди на глава – пренесено на скопските клиники


Татко го нашол четримесечното бебе со повреда на главата во семејниот дом во едно гостиварското село. Случајот во полиција е пријавен од гостиварската болница.

Од СВР Тетово информираат дека Ј.А. (41), вчера пријавил дека кога се вратил од работа околу 20 часот и 30 минути, во домот го нашол, паднато покрај кревет своето четиримесечно бебе со повреда на главата. Мајката С.Ш.(21) спиела на креветот. Повреденото бебе е пренесено во гостиварската општа болница „ Ферид Мурад” а оттаму заради повредите препратено на скопските клиники.

Се работи на расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1