На денешен ден (17-ти октомври) пред точно 31 година се роди Даниел Кајмакоски, човекот кој за неполна година ги освои македонските обожаватели,а се здоби и со бројни фанови од екс ју државите.
По сѐ изгледа дека овој роденден ќе му биде најинтересен зошто сигурно досега добил честитки колку што не добил во целиот живот. Неговиот профил и фан страната на фејсбук се преполни со честитки од неговите обожаватели, кои му посакуваат многу успех и секако здравје и љубов.
Дефинитивно животот на Даниел се промени вртоглаво, а ниту самиот тој не претпоставувал дека покрај сите неуспешни обиди да се пробие на естрадата, на 30 години ќе победи на натпревар како Х-Фактор и ќе му се отворат вратите на славата.
Вистина.мк.