Даниел Кајмакоски е добитник на овогодишната престижна MTV Best Adria Act награда.
Тој се закити со епитетот најдобар регионален изведувач, кој освои најголем број гласови од публиката во изминатите четири недели.
Со добивањето на ова признание Даниел влегува во трка за освојување на уште една награда, а тоа е MTV Best Europe Act.
Гласањето за оваа категорија почнува денес и тоа на MTVEMA.com и ќе трае до сабота, 24 октомври, на полноќ, за да победникот биде прогласен ден потоа на доделувањето на 2015 MTV EMA во Милано.
Даниел освои повеќе гласови од Марчело, Сасја, „Хладно пиво“ и „Ту Челос“.
Вистина.мк