Даниел Кајмакоски: „Мајка ми позајми 200 евра за да дојдам на аудицијата“


Даниел Кајмакоски, во интервју за српскиот весник „Ало“ реши да открие што се морал да направи тој и неговото семејство за да стигне на аудицијата во Белград

daniel

– На аудицијата во Македонија ме пријави еден мој другар, меѓутоа не добив никаква повратна информација од организираторот. Прашав дали може да отидам во друг град, а тие ми овозможија, со тоа што утредента требаше да се појавам во Белград.

Тогаш и кажав на мајка ми: Ова е неверојатно, не знам каде ќе спијам, немам пари, не можам во хотел… изјавил Кајмакоски за Али и продолжил…

Немав ниту еден денар во џебот, мојата мајка мораше да позајми 200 евра од својата соседка за да можам да тргнам на тоа патување.

Се сеќавам на зборовите на мајка ми:

– Сине, гледаш дека животот е тежок, гледај само да се исплати цела оваа мака и дај се од себе. Веруваме во тебе!

Овие зборови никогаш нема да ги заборавам. Тргнав на аудицијата со позитивна енергија и не успеав да заспијам додека патував до Белград. Искрено не се ни надевав дека ќе поминам на аудицијата.

Меѓутоа, на крајот се испадна како што треба и Даниел помина супер на таа аудиција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1