Даниел Кајмакоски влегува во „Големиот брат“?! (ФОТО)


Новата ВИП-сезона на реалното шоу „Големиот брат“ е во подготовка, а во неа ќе учествуваат познати личности од целиот регион.daniel evrovizija

Емитувањето на новата сезона на „ВИП Големиот брат“ би требало да почне оваа пролет. Веќе почнаа шпекулациите кој од Македонците би можел да биде учесник во реалното шоу, пишува српски „Информер“.

Наводно претставник на Македонија во оваа сезона би требало да биде Даниел Кајмакоски.

Македонскиот миленик по прашање на своето учество сè уште не се огласил, а можеби нема да има потреба од тоа, бидејќи деновите Кајмакоски објави фотографија на која позира пред рекламата за „Големиот брат“, односно од куќата на реалното шоу.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1