Даниел три години воопшто не пеел, работел на градилиште


Жељко Јоксимовиќ пред јавноста откри дека многу се потресол кога Даниел Кајмакоски му раскажал дека три години воопшто не пеел и поради тоа сега има проблем со изговорот на неанглиските песни, а тоа го правел затоа што откако видел дека нема фајде од музиката, кренал раце од се и работел на градилиште.

daniel4За среќа, вели Јоксимовиќ, времето не оставило трага на неговиот голем музички потенцијал и менторот е радосен што публиката го препознала раскошниот талент на стружанецот со виенска адреса.

“Горд сум што си во мојата група, далеку ќе стигнеш. Ти си вистински претставник на својот народ”, се зборовите со кои особено скржавиот на комплименти Јоксимовиќ му се обрати на Даниел.

“Знаеш што се случува кога ти ќе запееш? Доаѓаш, пееш и се подигнуваш на повисоко ниво и си одиш”, го пофали Емина Јаховиќ – Сандал.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1