В.д. директорот на МНТ Драган Спасов – Дац си даде оставка.
Оставката, како што информираа од кабинетот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, ја поднел денеска и таа била прифатена.
,,Министерството за култура на Република Македонија ја извесува јавноста дека денес ја прими и ја прифати оставката на в.д. директорот на Н.У. Македонски народен театар, Драган Спасов-Дац.,, соопшти на социјалната мрежа Фејсбук, министерот за култура, Роберт Алоѓозовски.
Дац синоќа како што веќе е познато, со неговиот автомобил удри девојка кај „Шампионче“ во Кисела Вода која поминала со полесни повреди и била пуштена на домашно лекување. Од МВР информираа дека тој бил во алкохолизирана состојбата.
На прес-конференција, пак, владиниот портпарол го кажа ставот на Владата дека лице кое сторило ваков тежок прекршок не може да извршува државна функција.