Направил најмалку 5 кривични дела за помалку од 3 часа пред полицијата да успее да го уапси. 14 годишен скопјанец им режираше вистински хорор филм на своите соседи и на полицајците. Сторијата од истрагата која ја објави порталот Пресс24 е навистина вчудоневидувачка.
Малолетниот драчевчанец синоќа сценариото го започнал со напад на 85 годишна старица во нејзиниот дом во Драчево од која барал пари но не успеал да ги добие. По неуспешниот обид украл автомобил па со него предизвикал сообраќајна несреќа со поголема материјална штета на Првомајска по што го оставил искршеното возило и повторно избегал.
По ова малолетнимкот не се откажал туку само ја променил улицата па во непосредна близина нападнал уште една старица на која и го украл златниот ланец. Но и тоа не му ги заситило апетитите па нападнал и една жена која се движела во непосредна близина во обид да и ја украде чантата. Откако таа пружила отпор, ја фрлил во канал и ја држел 15тина минути.
Откако се решил да ја пушти отишол во домот на својата баба и почнал најпрво вербално па потоа и физички да ја напаѓа. Во кусата борба успеал да предизвика пожар.
По овој настан интервенирала противпожарната екипа како и полицијата која го привела малолетникот.
Кои биле мотивите за серијата кривични дела сеуште не е познато .