Давид, Иван, Сузана, Фросина… – расплакани мајки над телата на своите деца- живот згаснат на пат


Денес е светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди. За жал листата на имиња е предолга. Многу деца, многу млади – премногу солзи и расплакани семејства. Уништени животи и на возачите кои биле виновни за несреќите. Сузана, Фросина, Давид (13), Иван (16) …  расплакани мајки над телата на своите деца- живот згаснат на пат

За да се подигне свеста се прават многу кампањи. Еве како потсетување и една вест која го стресе балканот, која јасно го отсликува очајот на сите инволвирани во несреќите.

pregazen-decak-pesak-Трагично, стравично и тажно – вака ја опишуваат сликата. Виделе дека младото момче лежи неподвижно на улицата.

До него возачот на автомобилот кој откако видел што се случило и дека момчето е неподвижно, клекнал крај него држејќи се за главата и силно викал. Зошто зошто!

Несреќното момче од ударот летнало 20 сетина метри, а неговите патики летнале неколку метри од телото.

pesaka-zvezdara-1348874452-213744По многу кусо време на местото пристигнал и таткото на момчето, кому соседите му јавиле за стравичната несреќа.

Клекнал до синот, го гушнал неговото неподвижно тело и викал од болка.

Ниту полицајците не можеле да го одвојат од телото. А кога возилото на брза помош сакало да го одвезе телото, таткото не давал да се затвори вратата, кукајќи од неизмерна болка.

По повод  Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, денеска на Средно Водно со засдување дрвца ќе биде промовиран парк во спомен на лицата кои  оваа година го загубија животот во сообраќајки во Република Македонија.

На настанот што го организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), ќе присуствуваат претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски,  директорот  на Комисијата за односи со верските заедници Валентина Божиновска, како и претставници од Министерството за внатрешни работи и од Град Скопје.

ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ – ВОЗЕТЕ КАКО СЕКОЕ ДЕТЕ НА УЛИЦА ДА Е ВАШЕ !!!!! katolickapregazen

Foto - Faktor.mk

Foto – Faktor.mk

novinarka500

Screenshot_84

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1