Давутоглу до Меркел: Повеќето убиени во екслозијата во Истанбул се Германци


Повеќето од 10-те убиени лица во  експлозија во центарот на Истанбул се германски државјани, и соопшти турскиот премиер Ахмет Давутоглу на германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор, информираа од неговата канцеларија.

Најмалку девет од жртвите  во Истанбул се Германци, соопшти турскиот владин претставник, цитиран од американските медиуми.ekspolozija-turcija-aja-sof

Давутоглу на Меркел и кажал дека деталите од актуелната истрага во врска со овој самоубиствен напад, за кој сомнението се фрла врз сириски бомбаш, ќе бидат поделени со германските власти, пренесоа британските медиуми.

Силната експлозија го потресе туристички атрактивниот истанбулски централен проштад „Султан Ахмет“, а канцеларијата на градоначалникот на Истанбул соопшти дека притоа се убиени најмалку 10, а ранети уште 15 лица.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека сириски бомбаш-самоубиец е одговорен за утринската експлозија во историскиот туристички кварт во Истанбул, во кој се убиени десет лица, меѓу кои, како што наведе, има и Турци и странци.

Истовремено, потпретседателот на турската Влада, Нуман Куртулмуш, изјави дека врз основа на анализата на разнесените делови од телата е идентификуван осомничениот бомбаш-самоубиец, кој утринава ја предизвика експлозијата во центарот на Истанбул, односно дека станува збор за 28-годишен Сириец.

На прес конференција во Анкара, тој изјави и дека повеќето од жртвите се странски државјани и дека две лица, од 15 колку што се ранети, се во тешка состојба, пренесоа британските медиуми.

Двајца високи турски безбедносни претставници во меѓувреме за британските медиуми изјавија дека постои голема веројатност екстремистите од Исламска држава (ИД) да се одговорни за експлозијата во туристички атрактивниот кварт во центарот на Истанбул.

Турските безбедносни власти веруваат дека зад експлозијата стои бомбаш-самоубиец поврзан со Исламска држава, имајќи во предвид дека како цел на нападот се нашле туристи и цивили во туристичката област, пренесе весникот „Хуриет“.

Германија денеска ги предупреди своите државјани да ги одбегнуваат турканиците на атрактивните туристички локации во Истанбул, после утринската експлозија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1