Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска во Њујорк изјави дека е невозможно решавање на сирискиот судир ако е присутен претседателот на Сирија, Башар ал Асад.
Давутоглу истакна дека Асад не може да биде учесник во транзицискиот процес во Сирија.
– Асад е најодговорната личност за сириската криза. Тој изврши злосторства против човештвото. На Сирија и е потребен транзициски процес и тоа без Асад и групите вклучни во злосторствата, наведе Давутоглу.