На МАРС ИМА ЖИВОТ? – НАСА пронајде вода (ВИДЕО)


Научници на Американската вселенска агенција (НАСА) денеска соопштија дека на Марс има вода и тоа не само замрзната, туку и во течна состојба.mars1-630x446

– Марс не е сува, неплодна планета како што некогаш мислевме, изјави на прес-конференција Џим Грин, директор за планетарна наука на НАСА, нагласувајќи дека на „црвената планета“ е пронајдена вода во течна состојба.

Станува збор за солена вода која тече во потоци низ кањоните и кратерите на Марс во тек на летниот период. Постои можност на Марс да има и некој облик на живот кога веќе има течна вода

Долгите, темни дамки кои водата ги остава зад себе, се појавуваат во текот на најтоплите месеци на Марс, а исчезнуваат кога површинската температура ќе се намали во останатиот период од годината.

НАСА забележа долга темна трага која водата ја остава на планините на Марс, а тоа е поткрепено и со сателитиските снимки.mars

Се забележува како горниот дел од планетата е потемен од долниот, а научниците утврдија дека тоа е поради водата која во текот на летните месеци тече низ планините, додека во есен и зима истите страни на планините се суви.

Водата која е откриена од страна на летечкиот објект МРО на НАСА, може да се создава со топење на сантите мраз кои настануваат во процесот во кој солта извлекува влага од атмосферата на Марс или пак од подземните резервоари на вода.

НАСА на почетокот на годинава објави дека на Марс во минатото веројатно имало големо море слично на Атлантскиот океан, но со текот на времето 87 проценти од водата испарила во вселената.

Ако се знае дека животот на Земјата настанал од водата, односно дека водата е совршено место за создавање на живот, тогаш се зголемуваат шансите научниците на Црвената планета да откријат дека во минатото таму постоел живот или пак дека се уште постои.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1